• среда, 13 ноември 2024

Градоначалникот на Кавадарци се сретна со претставници на невладините организации

Градоначалникот на Кавадарци се сретна со претставници на невладините организации

Кавадарци, 24 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска се сретнал со претставници на невладините организации од кавадаречка општина, информираа од кабинетот на градоначалникот. Оттаму појаснија дека целта на средбата била, тие да се запознаат со реализацијата на активностите по програмата за 2024 година, како и објавувањето на повикот за поддршка на граѓанските организации, што, невладините организации заеднички го утврдиле. 

Претходно, Тодор Ефремов, секретар во кавадаречката локална самоуправа, рече за МИА дека Општината лани издвоила околу пет, а годинава околу шест милиони денари за невладини организации и здруженија. 

- Дел од нив средства добиваат преку јавен повик на кој конкурираат со проекти. Друг дел пак, каде што спаѓаат активности на лица со попреченост или во социјален ризик и стратешки активности како оние поврзани со лозаровинарството, се финансираат со одлука на општинскиот Совет, појасни Ефремов. свд/сст/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан