• недела, 29 декември 2024

Градоначалникот на Кавадарци на работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина

Градоначалникот на Кавадарци на работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина

Кавадарци, 14 март 2023 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев имаше  работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот. 

- Градоначалникот Јанчев имаше работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија Џанг Sуо, претставници од кинеска амбасада, како и претставници од компанијата „Powerchina intl“.  Ова беше прв состанок од ваков карактер, на кој, меѓу другото, беше искажана благодарноста за соработката со кинеската компанија, во реализација на активностите што ги имаат во областа на инфраструктурата, патот Фариш - Дреново, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Од страна на градоначалникот, гостите биле запознати со локалното стопанство и економија, а се разговарало и за можностите за директна соработка помеѓу кинеските компании и Општина Кавадарци. По овој состанок, додадоа од кабинетот на Јанчев,  била договорена  уште една бизнис средба, што треба да се одржи во текот на оваа недела. свд/бд/

Фото: Општина Кавадарци

Остани поврзан