• четврток, 26 декември 2024

Градоначалникот на Дупница во официјална посета на Крива Паланка 

Градоначалникот на Дупница во официјална посета на Крива Паланка 

Крива Паланка, 4 јуни 2024 (МИА) - Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Дупница, Република Бугарија, Прван Дангов, кој беше во официјална посета на Крива Паланка.

Двете општини се пример за успешна, речиси две децениска, соработка во повеќе области, особено во прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, по разни програми на Европската Унија, со реализирани заеднички над 10-тина Европски проекти.

Градоначалникот Митовски истакна дека безмалку дваесетгодишната соработка ќе се круниса со уште еден заеднички партнерски проект помеѓу Крива Паланка и Дупница, а тоа е проектот „ПАРКС".

- Низата успешно реализирани проекти во областа на прекуграничната соработка, која трае уште од ФАРЕ, КАРТС програмите на Европската Унија, преку бројни проекти за зачувување на културното и историско наследство на регионот, ќе продолжи со последниот што го аплициравме во партнерство на нашите две општини, „ПАРКС", што значи „Зачувување на областите преку регионални знаења и одржливост",  аплициран на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за позелени погранични региони. Очекуваме позитивен исход за овој инвестициски проект со кој ќе се гради парк со уредени зелени површини околу комплексот згради кај нас, рече Митовски.

Двете општини имаат и одлична долгогодишна соработка во областа на културата, со соработка и гостувања на театри и ансамбли од Дупница на Меѓународниот театарски и Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски" во Крива Паланка, како и соработка на институциите од областа на културата од двата града.

-Општина Крива Паланка ја продолжува успешната меѓународна соработка преку градење пријателства и трајни партнерства за добробит на нашите граѓани, додаде Митовски. ид/дма/

Фото: Општина Крива Паланка

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан