• среда, 27 ноември 2024

Градоначалникот на Берово изврши увид на асфалтирање улица во Смојмирово

Градоначалникот на Берово изврши увид на асфалтирање улица во Смојмирово

Берово, 24 февруари 2024 (МИА) - Жителите на селото Смојмирово од денеска до селските гробишта, но и до своите имоти, ќе газат по нов асфалт, што се поставува во ова село, информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Улицата на потег од црквата до селските гробишта, како што додаде градоначалникот, се асфалтира во должина од околу 540 метри.

- Оваа улица е со широчина од два до три метри и со тоа, се заокружува поголема целина на патна мрежа во село Смојмирово. Реконструкцијата на оваа улица е многу значајна за сите жители од селото и постојано е истакнувано како приоритет, на средбите со граѓани, рече Пекевски по извршениот увид.

Улицата, како што додаде тој, се користи за пристап до гробиштата, но и до семејни имоти. Со реконструкцијата, очекува да се подобри социјалната кохезија на жителите и посетителите во селото.

Од Бирото за регионален развој за развој на селата, за реконструкција на оваа улица, одобрени се средства во износ од  2,3 милиони денари, додека од Буџетот на Општина Берово, за оваа намена, ќе бидат кофинансирани 153 илјади денари. вс/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан