• среда, 18 декември 2024

Градоначалникот на баварскиот град Бад Гризбах одбива да прими украински бегалци

Градоначалникот на баварскиот град Бад Гризбах одбива да прими украински бегалци

Берлин, 17 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на баварскиот град Бад Гризбах, Јирген Фундке, ја блокираше регистрацијата на украинските бегалци, тврдејќи дека градот нема повеќе места во градинките, училиштата и центрите за сместување.

Фундке предизвика конфликт со окружните власти откако го одби нивното барање да прими 35 украински бегалци.

Канцеларијата за миграција на областа Пасау испрати писмо до Фундке во кое му нареди да им дозволи на Украинците да се регистрираат во градот, на што тој одговори: „Јас не сум идиот. Ќе го прочитам тоа на Божик“.

Тој вели дека градот веќе ја исполнил својата квота и нема капацитет за нови бегалци.

Сепак, портпаролот на округот за баварскиот медиум БР24 изјави дека тоа не е точно и дека градот има места за прием на Украинците. Според извештајот на порталот Фокус онлајн, Фундке им предложил на властите во Пасау да ги испратат бегалците во други градови и населени места во околината кои се уште не примиле никого.

Баварија од почетокот на војната прими голем број украински бегалци. Сепак, некои градови, вклучително и Минхен, се пожалија дека се преоптоварени и сега немаат доволен капацитет во училиштата и центрите за сместување. паг/



Остани поврзан