• среда, 25 декември 2024

Градоначалникот Куртовски прими претставници на ФК „Радика" на реканците во Италија

Градоначалникот Куртовски прими претставници на ФК „Радика

Дебар, 22 август 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски денеска во неговиот кабинет прими претставници на фудбалскиот клуб „Радика" на иселениците од подрачјето на Река во Италија.

- Срдечна средба со претставници на фудбалскиот клуб „Радика” на нашинците од Џемона, Република Италија. Искажав голема благодарност до сите нив што преку спортот ја претставуваат нашата општина и држава, објави Куртовски на Фејсбук.

Според него, оваа екипа се натпреварува на многу фудбалски турнири а на турнирот во Лидо Адриано го освоила првото место, што, како што нагласува „не прави горди сите нас во општината".

- Благодарност до сите вас што преку спортот ја претставувате нашата општина и нашата држава. Им подаривме дресови од македонската фудбалска репрезентација за да можат достојно да ја претставуваат нашата општина и нашата држава, посочува Куртовски.

Во западноевропските земји, главно Италија и Германија живеат десетина илјади долнореканци, кои во летниот период масовно доаѓаат во родниот крај. вт/

Фото: ФБ Куртовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан