• вторник, 20 јануари 2026

Градоначалникот Костадиновски го посети домот на првороденото во Виница во 2026-та

Градоначалникот Костадиновски го посети домот на првороденото во Виница во 2026-та

Виница, 15 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска го посети домот на првото новородено дете во Oпштината во 2026 година, домот на семејството Салиови.

На првиот жител на Виница во 2026 година, малата Алина, Костадиновски и испорача желби за среќно и безгрижно детство. И врачи подароци и ваучер од 10 000 денари.

-Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот, рече Костадиновски  при денешната посета на домот на Салиови.

Алина Салиова е родена на 07.01.2026 година во Штип и е трето дете во семејството Салиови. ис/вј/

Фото: Општина Виница

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан