• четврток, 26 декември 2024

Градоначалникот Колев ги прими членовите на велешкиот детски хор „Св.Кирил и Методиј“

Градоначалникот Колев ги прими членовите на велешкиот детски хор „Св.Кирил и Методиј“

Велес, 31 мај 2024 (МИА) - На  43. издание на фестивалот на духовна музика во Хајновка, Полска и 100 години прослава на автокефалност на Полската црква, во средината на мај детскиот хор „Св Кирил и Методиј“ го освои првото место во категорија на детско-младински хорови, со што повторно го докажаа својот квалитет.

Хорот пееше и на гала концертот на победници и како вистински амбасадори на градот имаа прв целовечерен концерт надвор од државата. Детскиот хор „Св.Кирил и Методиј" пееше под диригентската палка на Веселинка Маџарова. Нив денеска ги прими и им честита на успехот градоначалникот Марко Колев.

Колев истакна дека детскиот хор  „Св.Кирил и Методиј“ од Велес повторно не направи горди.

-Во име на големиот успех денес беа мои гости, им се заблагодарив за се што прават и им кажав дека поддршката од Општина Велес ќе ја имаат и понатаму, најави Колев. ад/дма/

 

Фото:Општина Велес

Остани поврзан