• вторник, 24 декември 2024

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Пехчево, 11 август 2024 (МИА) - По пожарот кој денеска попладне повторно избувна во Пехчево, градоначалникот Александар Китански вечерва излезе со соопштение од Кризниот Штаб со кое апелира сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот.

-Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, истакна Китански во пренесениот апел од Кризниот Штаб 

Најстрого, како што додаде, се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот.

Пожарот денеска попладне избувна кај месноста Јудови Ливади, а истиот како што информираа медиумите е забележлив и од бугарска страна. На терен попладнето излегоа екипи на ДПД „Пехчево“, вработени во ТППЕ Берово, ЈПШС „Равна Река" Пехчево. вс/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан