• среда, 18 декември 2024

Градоначалникот Касами во официјалната посета на Австрија

Градоначалникот Касами во официјалната посета на Австрија

10 јануари 2024

Во рамки на официјалната посета на Австрија, градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, оствари средби со значајни претставници. Со Карл Хајнц-Дерношег - комерцијален директор во Штаерска, се разговараше за продлабочување на соработката во управувањето со отпадот, додека со г-дин Манфред Ебер од Општина Грац се разговараше за размена на искуства во економскиот развој. Со Карл Хартлеб – директор на Центарот за меѓународна соработка, разговараа за учеството на Тетово во меѓународната соработка, со цел привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места. Средбата заврши со посета на фабриката „Заубермахер“, каде што се разговараше за можноста за изградба на слична фабрика во Тетово за решавање на проблемот со отпадот во градот и регионот.

Општина Тетово 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан