• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалникот Димитриевски на средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ

Градоначалникот Димитриевски на средба со амбасадорката на  Хрватска, Нивес Тигањ

Куманово, 8 јули 2024 (МИА) - Амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, денеска ја посети општина Куманово и се сретна со градоначалникот на општината, Максим Димитриевски, информираа од Oпштината.

На средбата, како што наведуваат од Oпштината, било разговарано за нови, значајни проекти и продлабочување на досегашните добри односи и споделени работни искуства.

-Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски оствари средба со амбасадорката на Р. Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ. Изградените добри односи и досегашните споделени работни искуства, водат кон очекувани можности за имплементација на нови и значајни проекти. Заедничката иницијатива за достигнување на повисок степен на комуникација, ќе донесе унапредување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Според прецизираните приоритети на двете страни, на средбата беа истакнати позитивни очекувања за продлабочување на досегашната соработка преку соодветни и реални решенија, согласно со заедничките потенцијали и определби, информираа од општината. ам/сст/

Фото: Општина Куманово

 

Остани поврзан