• вторник, 12 ноември 2024

Градоначалникот Атанасовски изврши увид на работите на филтер станицата во село Цера

Градоначалникот Атанасовски изврши увид на работите на филтер станицата во село Цера

Македонска Каменица, 1 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денес изврши увид во градежните работи за ставање во функција на новопоставената филтер станица во село Цера. Се работи за инвестиција на општина Македонска Каменица, со која жителите на Стара Каменица и село Дулица ќе добијат чиста и здрава вода за пиење.

-Извршив увид во активностите поврзани со инсталирање на електричен кабел за трофазна електрична енергија во должина од 700 метри, потребен за ставање во функција на новопоставената филтер станица во село Цера. Со оваа инвестиција на општина Македонска Каменица, жителите на Стара Каменица и село Дулица, ќе добијат чиста и здрава вода за пиење. Со тоа обезбедуваме долгорочно одржување на квалитетот на водата за пиење и ги подобруваме условите за здрав и подобар живот во овој дел од нашата општина, истакна Атанасовски.

Во соработка со Јавното претпријатие Камена Река, во наредниот период, како што додаде ќе бидат преземени активности за чистење на сите базени од водоводниот систем.

-Исто така активности за уредување со оградување и прочистување на зафатот за вода на м.в. Јуручки гробишта, за дополнителна заштита на истите од надворешни влијанија. Упатувам благодарност до сите вклучени во реализација на проектот, на работниците, на проектантите и инженерите, како и на сите оние кои со својот труд и посветеност придонесуваат за спроведување на оваа значајна инвестиција, додаде Атанасовски.

Тој изрази уверување дека со заеднички напори и со инвестиции кои го подобруваат живот на граѓаните, како во урбаната така и во руралните средини, општината ќе успее да создадеме уште поубава и поквалитетна животна средина за идните генерации. вс/дма/


Фото: Градоначалник на М.Каменица Димчо Атанасовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан