• четврток, 12 февруари 2026

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 во завршна фаза на темелна реконструкција

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 во завршна фаза на темелна реконструкција

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во тековните градежни активности на детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Станува збор за темелна реконструкција со што значително се унапредуваат функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот, соопштија попладнево од Општина Карпош.

- Проектот претставува капитална инвестиција на Владата на Република Северна Македонија, реализирана преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Општина Карпош. Поради појава на дополнителни и непланирани градежни зафати, рокот за завршување е продолжен од оправдани причини, при што Општина Карпош обезбеди и дополнителни средства за комплетирање на реконструкцијата. Во координација со Министерството, поднесена е и апликација за набавка на потребна опрема, со цел градинката што поскоро да биде ставена во функција, пишува во соопштението.

Со завршувањето на работите, како што се истакнува, градинката „Мајски цвет“ ќе прерасне во модерен и енергетско - ефикасен објект за згрижување на најмладите жители на општината. бд/са/

Фото: Општина Карпош

Остани поврзан