• среда, 18 декември 2024

Градежни фирми и приватни инвеститори лани изградиле 4 894 објекти, најмногу во Скопскиот и во Полошкиот регион

Градежни фирми и приватни инвеститори лани изградиле 4 894 објекти, најмногу во Скопскиот и во Полошкиот регион

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13 763 912 илјади денари.

Градени се вкупно 2 020 објекти и завршен е вкупно 2 331 стан со вкупна површина од 299 224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 196 м2.

Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2. По региони, најмногу се градело во Полошкиот регион, потоа во Скопскиот, Југозападниот итн.

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност, пак, лани извршиле градежни работи во вредност од 36 880 167 илјади денари. Од нив, 18 951 263 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2023 година се градени вкупно 2 874 објекти, а завршени се вкупно 3 445 станови со вкупна површина од
243 815 м2, од кои 3 415 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 70.8 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, Пелагонискиот итн.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан