• четврток, 26 декември 2024

Градежни работи за одведување отпадни води од комплексот „Вел Сити“ во Велес

Градежни работи за одведување отпадни води од комплексот „Вел Сити“ во Велес

Велес, 14 април 2020 (МИА) - Општина Велес денеска почна со изведбата на градежни работи за проектотот „Одведување на отпадни води од комплексот Вел Сити” во должина од 430 метри.

Како што појасни општината, градежните работи го опфаќаат просторот од излезот на градилиштето „ВЕЛ СИТИ”, меѓу тротоарот и оградата на касарната „Алексо Демниевски Бауман”, покрај заштитната ограда и главниот влез на касарната, позади споменикот на Панко Брашнаров.

Опфатен е и просторот покрај атмосферскиот канал под касарната, до кошаркарското игралиште кај „Симпо” и позади кулата, до приклучокот на постоечката шахта за фекална канализација.

Во зависност од временските прилики, градежните работи ќе се изведуваат во траење од околу шеесет денови.

-Просторот каде ќе се одвиваат градежните работи ќе биде одбележан со предупредувачка лента, а ќе се постави и сигнализација со соодветни знаци за работа, појаснуваат од општина Велес.

Општина Велес упати апел до жителите за внимателно движење, и да го избегнуваат делот од тротоарот каде ќе се изведуваат градежните работи.ад/бт/

Остани поврзан