• четврток, 26 декември 2024

Градежни активности на патот Брадиновци-Младо Нагоричане

Градежни активности на патот Брадиновци-Младо Нагоричане
Куманово, 3 март 2021 (МИА) -  Во тек се градежни активности на патот Брадиновци-Младо Нагоричане, Општина Старо Нагоричане. Патот во должина од 650 метри се проширува, тампонира и асфалтира. - Младо Нагоричане е најголемо по површина и брои најголем број жители во општина Старо Нагоричане. Со асфалтирање на повеќе локални патишта во општината придонесуваме во подобрување на секојдневниот живот на населението и подобрување на условите за живот во селските средини. Еден од врвните приоритети на локалната самоуправа е поврзување на што поголем број жители на руралните средини со асфалтни патишта, со што значително ќе се подобрат условите за живот, информираат од општината. Општина Старо Нагоричане аплицираше за проектот преку Центарот за развој на североисточен плански регион, а финансиите се обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој. Градежните работи ги изведува ДПТУ „Стоименов“ дооел Кочани под надзор на Друштво за архитектонски дејности, надзор и инженеринг МБМ „Архитекти“ дооел, Скопје.ам/лв/

Остани поврзан