• четврток, 26 декември 2024

Градежниците лани потрошиле материјали и енергија во вредност од 11 859 712 000 денари

Градежниците лани потрошиле материјали и енергија во вредност од 11 859 712 000 денари

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11 859 712 000 денари, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика. 

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали
за врзување со 5 065 871 000 денари (42,7 проценти), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 765 874 000 денари
(14,9 проценти) и Материјали за армирање и прицврстување со 1 350 812 000 денари (11,4  проценти) итн...лв/

Остани поврзан