• недела, 06 октомври 2024

Грабеж во куќата на Салах во Каиро

Грабеж во куќата на Салах во Каиро

Каиро, 13 март 2023 (МИА) – Грабеж е извршен во вилата на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, додека тој се напаѓал во Англија, јавија денеска египетските медиуми.

Од куќата биле украдени ТВ приемници, а полициската истрага е во тек.

Полициски извор за локалните медиуми рече дека од куќата не е украден накит.

Домот бил празен во време на грабежот.

Египетскиот репрезентативец Салах требаше да ја посети својата татковина идната недела за да го предводи националниот тим против Малави во двата квалификациски натпревари за Африканскиот куп.

Салах минатата недела стана најдобар стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер лигата со 129 постигнати голови. ег/сд/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан