• петок, 27 декември 2024

ГПЦ контра одлуката на Владата, најави отворање на црквите за Водици и покрај забраната

ГПЦ контра одлуката на Владата, најави отворање на црквите за Водици и покрај забраната
Атина, 4 јануари 2021 (МИА) – Светиот Синод на Грчката православна црква, денеска одржа вонреден состанок за владините мерки за Водици и соопшти дека „не се согласуваат со мерките и инсистираат на она што беше првично договорено, а паралелно наредуваат Светите храмови да останат отворени за учество на верниците на литургија и осветувањето на водите во црквите“, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу мерките што грчката Влада ги соопшти за оваа седмица е и забрана за отворање на црквите во среда за Водици, иако пред празниците беше соопштено за време на карантинот исклучок ќе има а за Божиќ, Нова година и за Водици кога литургиите ќе може да се одржат со присуство на верници. Токму затоа, Светиот Синод на ГПЦ денеска одржа состанок и го изрази своето несогласување со мерките на грчката Влада и соопштуваат дека испратиле протесно писмо до Владата, „сметајќи го дијалогот како единствено средство за решавање на разликите што се однесуваат на односите меѓу државата и религиозните заедници“. Дополнително упатуваат апел како до Европската унија, така и до грчката Влада да ги преземат неопходните чекори за веднаш да се обезбеди доволен број одобрени вакцини за граѓаните. ср/ссм/

Остани поврзан