• четврток, 26 декември 2024

Го откажал медениот месец со секс-куклата поради коронавирусот

Го откажал медениот месец со секс-куклата поради коронавирусот
Нур-Султан, 7 мај 2020 (МИА) - Казахстанскиот бодибилдер кој сакаше „да се ожени“ со секс-кукла, ја откажа нивната свадба и медениот месец поради пандемијата на коронавирус која сѐ уште трае. Популарниот Јуриј Толочко ја објави својата „врска“ со силиконската кукла „Марго“ лани во мај, а потоа ги вџаши своите следбеници и со најавите дека сака „да се венча“ со неа. „Марго“ има и свој Инстаграм-профил каде што може да се видат многу од нивните заеднички интимни мигови. си/сд/

Остани поврзан