Гоце Димовски во посета на фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1
- Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски денеска, во рамки на концептот за активна комуникација со сите инвеститори, ја посети фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1, при што беше остварена и работна средба со менаџментот, каде се разговараше за досегашните резултати, како и можностите за проширување на инвестицискиот проект на оваа компанија.
Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски денеска, во рамки на концептот за активна комуникација со сите инвеститори, ја посети фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1, при што беше остварена и работна средба со менаџментот, каде се разговараше за досегашните резултати, како и можностите за проширување на инвестицискиот проект на оваа компанија.
Димовски, како што информираат од Дирекцијата, истакна дека континуираниот развој на постојните компании во зоните претставува јасен показател за стабилната и предвидлива бизнис клима, како и за заемната доверба што се гради меѓу институциите и инвеститорите.
Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ како институција останува и натаму стабилен партнер на сите инвеститори, со посветеност на отворен дијалог и навремена поддршка.
-Од страна на менаџментот на Кемет беше изразено задоволство за досегашната соработка, потенцирајќи дека позитивната деловна средина и професионалниот пристап претставуваат значаен фактор за натамошно проширување. Тие ги презентираа досегашните резултати, при што беа разгледани и конкретни аспекти поврзани со идните планови за проширување на компанијата, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ. вј/дма/
Фото: Дирекција за ТИРЗ