• среда, 27 ноември 2024

Гоце Георгиевски: Исплатени 1,3 милијарди денари субвенции за 17.000 тутунари

Гоце Георгиевски: Исплатени 1,3 милијарди денари субвенции за 17.000 тутунари
Скопје, 25 јануари 2022 Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, постојано води грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство. Заврши целосната исплата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари или над 20 милиони евра на сметките на 17.000 тутунопроизводители. Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП. Дополнително, со измените на Законот за земјоделство и рурален развој од оваа година за првпат започнува авансна исплата на субвенциите, што е особено важно во време на глобална економска криза. Во период кога сите држави се трудат да го зголемат своето земјоделско производство, земјоделците не смеат да бидат предмет на блокади и политички игри како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ со измените на Законот за земјоделство и рурален развој. Тоа ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ преку секакви средства ја блокираат државата, притоа директно нанесувајќи штета на земјоделците. Од друга страна, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство водат грижа и даваат поддршка за сите земјоделци. Прес-конференција на претседателот на Комисија за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски https://www.youtube.com/watch?v=XlRt7e99bXI
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан