• сабота, 28 декември 2024

Гостивар: Учениците и децата од градинките го одбележаа 21 Март, Денот на екологијата

Гостивар: Учениците и децата од градинките го одбележаа 21 Март, Денот на екологијата

Гостивар, 21 март 2023 (МИА) – Локалната самоуправа во соработка со повеќе образовни институции организираше повеќе настани со едукативно-еколошка содржина и активности по повод 21 Март, Денот на екологијата.

Во средното техничко училиште беше организирана изложба со ревија на предмети и облека направени од рециклирани материјали кои ги изработија децата од неколку средни и основни училишта.

Во ОСУ „Гостивар“ беше презентиран документарен филм за заштита на животната средина и штетите од аерозагадувањето, подготвен од учениците и наставниците од ова училиште. Во ОУ „Единство“ учениците во рамки на активностите за заштита на животната средина, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари со учениците засадија цвеќиња во училишниот двор.

На градскиот плоштад околу пладне, во соработка со ЈУ „Детска радост“, дечињата од градинките испратија симболична порака „Чувај ја планетата Земја“ и продефилираа во костими изработени од рециклирачки материјали. Останатите деца беа вклучени во уредување на просториите и акција за чистење на дворните површини.

Од општината во врска со активностите напоменаа дека одбележувањето на овој ден и остварените активности имаат за цел да ја подигнат свеста на граѓаните од сите возрасни групи за да се заштити животната средина и природата како и подигање на нивото на одржување на чистотата. згм/мс/

фото/Општина Гостивар

 

Остани поврзан