• четврток, 26 декември 2024

Гостиварски основци делеа баклава за Бајрам

Гостиварски основци делеа баклава за Бајрам

Гостивар, 11 април 2024 (МИА) – Ученици од основни училишта и нивните родители во рамки на одбележувањето на муслиманскиот празник Фитр Бајрам, делеа слатки на градскиот плоштад во Гостивар. Настанот го организираше општина Гостивар во соработка со основните училишта и градинките.

На пригодно уредените штандови децата заедно со родителите и наставниците служеа од традиционалната баклава, сокови и други слатки.

Аслијан Снопче раководителката на општинскиот сектор за образование на настанот напомена дека оваа активност треба да стане традиционална.

- По повод втор ден Бајрам, сакаме да покажеме дел од традицијата во нашиот град. Со пригоден настан сакаме да ги споделиме радоста од празнувањето во што ни помагаат родителите на децата и наставниците. Ваквите настани треба да се одржуваат и во иднина за да се покаже на дело нашиот соживот во мултинационална средина, рече Снопче.

Дел од учесниците кажаа дека традиционалната гостиварската баклава е кулинарски специјалитет и се нуди на гости и блиски како изразување на гостопримство и укажување на чест. згм/дма/

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан