• четврток, 26 декември 2024

Гостиварските пожарникарите добија возило со противпожарни скали

Гостиварските пожарникарите добија возило со противпожарни скали
Гостивар, 12 јули 2022 (МИА) - Гостиварската професионална противпожарна единица се опреми со специјално возило за интервенција на поголеми висини. Станува збор за камион со скали (ескалатор) чија должина е речиси 30 метри. Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари со соработниците го посети седиштето на противпожарната единица и лично им се заблагодари на донаторите. - Ова е корисна опрема за нашите пожарникари и значително ќе се подобрат условите на ТППЕ при гаснење пожари во повеќекатници и за други интервенции на висина. Со ова возило ќе се олесни пристапот, а ќе се зголеми и ефикасноста и брзината на делување на нашите пожарникари. Им благодарам на Меѓународното хуманитарно здружение „Хасене“на донацијата, рече градоначалникот Таравари. Хајул Имери и Екрем Билали претставници на „Хасене“ чие седиште е во Германија, на примопредавањето потенцираа дека им е драго што оваа донација ќе биде корист на единицата која се грижи за безбедноста на граѓаните. Тие најавија дека до крајот на годината, за потребите на ТППЕ ќе обезбедат уште едно специјално возило. згм/цр

Остани поврзан