• недела, 24 ноември 2024

Горивата поскапуваат по два денара за литар

Горивата поскапуваат по два денара за литар
Скопје, 24 јануари 2022 (МИА) - Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) по 71 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,386 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,213 денари. Како причина за новите малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,856  отсто, кај дизелот за 4,802, кај екстра лесното масло за 4,821, и кај мазутот за 4,320 отсто, како и за 0,205 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот. вј/сп/

Остани поврзан