• четврток, 26 декември 2024

Горивата поскапуваат за 2,5 до три денари за литар

Горивата поскапуваат за 2,5 до три денари за литар
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5, а цената на дизелот се зголемува за три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,5 денари за литар, и ќе изнесува 87,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,293 денари за килограм се  зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 53,587 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек за 3,498  отсто кај бензините, кај дизелот за 3,023, кај екстра лесното масло за 3,262 и кај мазутот зголемувањето е за 1,555 отсто. Курсот на доларот во однос на денарот, пак, е повисок за 1,290 отсто. -Клучни елементи кои влегуваат во структурата на формирање на малопродажните цени на нафтените деривати се: берзанските цени и курсот на доларот во однос на денарот. Анализите покажуваат дека курсот на доларот во однос на денарот, во изминатите два месеци поради геополитичките случувања во Украина и Русија бележи постојан раст, што прави сериозен притисок врз формирање на малопродажните цени на нафтените деривати. Во изминатата недела од 25 април до 29 април курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 3,83 отсто и овој пораст има директно влијание во формирањето на крајните малопродажни цени на нафтените деривати, нагласуваат од РКЕ.вј/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан