• среда, 27 ноември 2024

Горивата поскапи за денар до 2,5 денари за литар

Горивата поскапи за денар до 2,5 денари за литар
Скопје, 26 април 2022 (МИА) – Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 85,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари за литар, и ќе изнесува 84 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,226 денари за килограм се  зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 52,825 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 1,579 отсто и намалените кај дизелот во просек за 1,059 отсто, како и за 0,082 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. вј/дма/

Остани поврзан