• среда, 18 декември 2024

Гореше депонијата во село Пласница

Гореше депонијата во село Пласница

Скопје, 31 јули 2021 (МИА) - Во изминатите три дена во два наврати беше опожарена депонијата за комунален отпад во село Пласница. На огненото жариште во двата дена интервенираше екипа на Територијалната противпожарна единица од Македонски Брод, потврди командирот на ТППЕ Македонски Брод, Гоце Саракимоски.

-Во изминативе три дена во два наврати се појави пожар на депонијата за комунален отпад во село Пласница.За да се локализира пожарот ТППЕ Македонски Брод на два пати на огненото жариште интервенираше со едно противпожарно возило и со двајца пожарникари. Во двете интервенции на депонијата се потрошени 15 тони вода, за да не дојде до проширување на огнената стихија. При пожари на депонии секогаш постои резерва во колкава мера е изгаснат пожарот, бидејќи секогаш е можно пожарот да се реактивира-вели командирот Саракимоски и додава дека во село Брезница пред два дена забележан е пожар, кој според зборовите на месното население е предизвикан од гром.

И по изминати два дена од појавата на пожарот, нема информации дали пожарот е изгаснат или сеуште е активен,потврди командирот.

Инаку екстремно високите температури и минималните врнежи од дожд, се главните сојузници на овие пожари, кои за среќа ги нема во така голем број ова летo. за/ац/

Остани поврзан