• недела, 24 ноември 2024

Горецка може да го напушти Баерн како слободен агент следното лето

Горецка може да го напушти Баерн како слободен агент следното лето
Минхен, 21 јули 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Баерн, Леон Горетца може да го напушти клубот од Минхен следното лето, објави „Билд“. Според германскиот весник, Баварците имаат проблеми во преговорите околу продолжувањето на договорот со 26-годишниот играч. Застапниците на Горецка бараат тој да добива 20 милиони евра годишно, додека Баерн нуди 10 до 12 милиони. Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Барселона, ја следат ситуацијата и се подготвени да го ангажираат играчот за врска следното лето кога ќе му истече договорот и тој ќе стане слободен играч. Горецка игра за Баерн Минхен од летото 2018 година. Во сезоната 2020/21, фудбалерот одигра 32 натпревари за тимот, постигна осум гола и девет асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува фудбалерот на 70 милиони евра. зс/

Остани поврзан