• сабота, 23 ноември 2024

Горела ниска вегетација кај скопско Ново село, се крева чад од кочанската депонија

Горела ниска вегетација кај скопско Ново село, се крева чад од кочанската депонија

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Во изминатотот деноноќие пожарникарите интервенирале во скопскиот регион на запален ниска вегетација кај Ново Село во Општина Ѓорче Петров, информираат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Кочани известиле дека во градската депонија на Кочани неколку дена во внатрешноста дими, но нема опасност од потпалување и ширење. Кочанските пожарникари посочиле и дека внатрешното димење, горење, со вода не се гаснело, па треба да преземаат други мерки, затрупување со песок, земја и слично, за што се известени надлежните во општината.

ЦУК информира дека имало вкупно 1760 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,30%, а 36,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,33%, кон Итната медицинска помош 23,81%%, кон пожарникарите 2,20%, а кон амсм 0,73% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 635 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,93%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(36,70%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). 

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан