• среда, 25 декември 2024

Гордана Димитриоска Кочоска - министерка за финансии

Гордана Димитриоска Кочоска - министерка за финансии

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Гордана Димитриоска Кочоска, која на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во новата влада ќе раководи со Министерството за финансии, е родена на 6 јуни 1983 година во Тетово.

Дипломирала на Економскиот факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде била сутдент на генерација 2020-2006 со просек 9,55, по што на Економскиот институт Скопје магистрирала економски науки од областа на финансискиот менаџмент.

Има специјализација и последипломско неформално дообразување во областа на финансии и контролинг: едногодишна Контролинг академија, спроведена од Менаџмент центар Белград, и едногодишна програма за сертифициран сметководствен аналитичар, спроведена од АБИТ Академија, Скопје.

Од странски јазици наведува дека знае англиски одлично и шпански добро, а од компјутерски вештини Microsoft.

Покрај ангажман како дополнителен заменик министер за финансии во техничката Влада во 2020 година, од 2018 до 2020 и од 2020 до 2024 година работела како финансиски консултант во област на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ.  Од 2014 до 2017 година е член на УО и директор за финансии во АД Електрани на Македонија,  а претходно седум години работела во Секторот за корпоративно банкарство во Стопанска банка АД Скопје и една година во Министерството за финансии, Кабинет на министер во Сектор за јавен долг и Одделение за единици на локална самоуправа. лв/дма/

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

 

 

Остани поврзан