• среда, 18 декември 2024

Горбачов: Американската мисија во Авганистан од почетокот беше осудена на неуспех

Горбачов: Американската мисија во Авганистан од почетокот беше осудена на неуспех
Москва, 17 август 2021 (МИА) - Поранешниот лидер на Советскиот Сојуз, Михал Горбачов, изјави дека НАТО и САД немале никакви шанси во Авганистан. - Тие (НАТО и САД) порано требаа да признаат неуспех. Сега е важно да се извлече поука од тоа што се случи и да се погрижат да не повторат слични грешки, посочи Горбачов. Тој додаде дека американската кампања во Авганистан била неуспешен потфат од почетокот. - Како и во многу други слични проекти, фокусот беше на претерани закани и слабо дефинирани геополитички идеи. Кон ова треба да се додадат и нереални обиди за демократизација на општеството составено од бројни племиња, посочи Горбачов. Горбачов по неуспешната десетгодишна кампања во 1989 година ја повлече советската армија од Авганистан. Според него советското присуство во Авганистан било грешка, која ги трошела ресурсите на тогашен СССР. Просоветската авганистанска влада опстана уште три години по повлекувањето на советската армија. ми/

Остани поврзан