• недела, 24 ноември 2024

Горан Стојаноски награден за најдобра епизодна улога на фестивалот на театарот во Прилеп

Горан Стојаноски награден за најдобра епизодна улога на фестивалот на театарот во Прилеп
Охрид, 8 октомвеи 2021 (МИА) -  Актерот Горан Стојаноски од Народниот театар од Охрид е добитник на наградата за машка епизодна улога на 55-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Стојаноски наградата што го носи името на првиот професионален актер во Македонија „Димче Трајкоски“ ја добива за улогата Силвестер во претставата „Крик за љубов”  на режисерот  Љупчо Ѓоргиевски, на програмата на Охридскиот театар. Фестибвалот „Војдан Чернодрински“ се затвора вечерва со церемонијата на свеченото доделување на наградите. аб/аа/  

Остани поврзан