• четврток, 26 декември 2024

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српската Влада

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српската Влада

Белград, 5 ноември 2024 (МИА) – Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Весиќ синоќа најави дека ќе го стори тоа, а денеска поднесе оставка до Владата на Србија, напиша самиот на социјалната мрежа (Х).

Во оставката тој додаде дека ја напушта функцијата со чиста совест и е горд на резултатите кои остануваат зад него.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан