• недела, 24 ноември 2024

Гонзато: Ако Северна Македонија ги исполни условите ќе започне и преговори, земјите-членки задоволни од напредокот на Албанија

Гонзато: Ако Северна Македонија ги исполни условите ќе започне и преговори, земјите-членки задоволни од напредокот на Албанија

Тирана, 27 септември 2024 (МИА) – Процесот на европска интеграција се заснова на заслуги. Албанија дојде до точка каде што земјите-членки се задоволни од напредокот на земјата. Ако Северна Македонија ги исполни условите, ќе започне преговори, изјавил шефот на делегацијата на ЕУ во Албанија, Силвио Гонзато.

– Тирана станува регионален главен град. Според мене, таа го зазема местото на Белград. Што и да кажеме за албанскиот премиер, тој секако е човек со визија, рече Гонзато.

Додал дека Албанија и Северна Македонија биле поделени на патот кон пристапување во ЕУ и оти првиот преговарачки кластер за Тирана ќе биде отворен овој месец. 

– За разлика од другите земји во регионот, Албанија нема план Б за Европската унија. Желбата за евроинтеграции е повеќестрана, нагласил евроамбасадорот.

Во врска со Коридорот 8, Гонзато одговори дека проектот е врвен приоритет на ЕУ во регионот.

– Од инфраструктурата (од Црно Море до албанското пристаниште Драч) има голема придобивка и за економијата и за безбедноста, како дел од стратегијата на НАТО. Поврзаноста е многу повеќе од само инфраструктура; станува збор за создавање одржливи партнерства кои го поддржуваат мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, оценил тој, објавија албанскте медиуми. вт/ра

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан