• сабота, 23 ноември 2024

Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС

Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС

Љубљана, 22 ноември 2024 (МИА) - Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави денеска дека неговата земја „ја почитува одлуката“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во врска со налозите за апсење за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото и дека целосно ќе се придржува до неа.

Голоб изјавата ја даде по повод налогот за апсење од Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и воениот шеф на Хамас Мухамед Деиф, јави словенечката СТА.

„Словенија ја почитува одлуката на МКС за налози за апсење за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото и целосно ќе се придржува до неа“, рече Голоб.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан