• среда, 25 декември 2024

Голоб: Сакаме БиХ да ни биде најголемиот сојузник, а не само пријателска земја

Голоб: Сакаме БиХ да ни биде најголемиот сојузник, а не само пријателска земја

Сараево, 13 март 2023 (МИА) – Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска во Сараево изјави дека неговата земја сака да биде најголемиот сојузник на Босна и Херцеговина, а не само пријателска земја.

-На тој пат ние нудиме секаква можна помош – од техничка, административна, професионална, до финансиска, рече Голоб на прес-конференција по средбата со претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо.

Тој додаде дека „неодамна имаше промени во Словенија, но и во Брисел, центарот на ЕУ“.

-Денеска сум овде бидејќи во Словенија се случи важна промена, вклучивајќи ја и промената на надворешната политика. Се интензивираше принципот на солидарност и политичка соработка меѓу народите, бидејќи само така ќе го постигнеме економскиот напредок на земјите. И каде на друго место, ако не токму во БиХ овие принципи да се применат, рече словенечкиот премиер.

Според него, Словенија го сака тоа поради нејзините економски односи со Босна и Херцеговина, додавајќи дека таквите напори се „логични и нема скриени пораки“.

Зборувајќи за промените во Брисел, тој посочи дека „многу скептици и противници на натамошното проширување на ЕУ, по руската агресија врз Украина, станале поотворени и поподготвени по ова прашање“.

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто му се заблагодари на Голоб за се што направи Словенија за Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус во ЕУ. сд/

 

Остани поврзан