• среда, 25 декември 2024

Голоб: Арбитражата останува сидро во политиката на Словенија кон Хрватска

Голоб: Арбитражата останува сидро во политиката на Словенија кон Хрватска
Љубљана, 26 април 2022 (МИА) - Победникот на неделните парламентарни избори и веројатниот мандатар за состав на новата словенечка влада Роберт Голоб денеска изјави дека арбитражниот договор за границата останува сидро во политиката кон Хрватска. Голоб одговарајќи на новинарско прашање за политиката на идната влада кон Хрватска, со оглед на различниот став за нерешеното гранично прашање во однос на владата на Јанез Јанша, истакна дека новата влада нема да работи како досегашната влада и ќе бара поширок консензус во Парламентот и во идната коалиција. - Но, сигурно е дека арбитражниот договор сè уште останува цврсто сидро од кое немаме намера да се откажеме на кој било начин, наведе Голоб по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор. Хрватската влада смета дека договорот за гранична арбитража е ништовен поради компромитираната постапка, односно дослухот на словенечкиот судија и преговарач во текот на постапката. ми/

Остани поврзан