Голем удар за Бенфика: Ди Марија нема да игра против Барселона
- Бенфика ќе и гостува на Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а ќе биде ослабена со отсуството на еден од најважните играчи Анхел ди Марија.

Лисабон, 4 март 2025 (МИА) - Бенфика ќе и гостува на Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а ќе биде ослабена со отсуството на еден од најважните играчи Анхел ди Марија.
Искусниот Аргентинец ќе го пропушти првиот меч поради повреда. Станува збор за повреда на бутниот мускул поради која го пропушти реваншот од првото елиминациско коло против Монако.
Бенфика е во одлична форма, откако победи на седум од последните осум натпревари во сите натпреварувања и ремизираше само на тој реванш против Монако. Тоа беше резултат кој беше доволен за „орлите“ да се пласираат во топ 16.
Самиот Ди Марија оваа сезона постигна 14 гола и запиша осум асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања. Натпреварот во Лисабон се игра во среда. дс
Фото: Архива