• среда, 25 декември 2024

Голем пожар на отворено кај Струмица, гореше сува трева и отпад

Голем пожар на отворено кај Струмица, гореше сува трева и отпад

Струмица, 23 феверуари 2024 (МИА) - Голем пожар на отворено избувна попладнево околу 15 часот на заобиколницата кај Струмица, кон селото Градско Балдовци. Според информацијата од ТППЕ Струмица горело сува трева, отпад и гуми, а црниот густ чад се гледаше оддалеку.

-Пожарот е пријавен кај нас во 14:45 часот и во гаснењето беа ангажирани 13 пожарникари и четири против пожарни возила. Гореше сува трева, гуми, пластика и друг вид отпад, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Пожарот е изгаснат од страна на пожарникарите по еден час откако било пријавено во ТППЕ Струмица. рт/мч/

Фото: ТППЕ Струмица

Остани поврзан