• недела, 28 јули 2024

Голем пожар во Свердловск кај Урал - досега едно лице загина, а изгореа 178 згради

Голем пожар во Свердловск кај Урал - досега едно лице загина, а изгореа 178 згради

 

Свердловск, 26 април 2023 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од пожарите што беснеат низ руската област Свердловск, во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

На снимки на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото.

 

Пожарот е проширен кон селата Шосва и Тајежни и досега проголта вкупно површина поголема од 11.000 квадратни метри. Во селото Шосва загина едно лице.


 

Причината за пожарот се уште не е позната.

Руските служби за итни случаи објавија дека повеќе од 380 лица биле вклучени во обидите за негово ставање под контрола. сд/

 

 

 

Остани поврзан