Голем пожар во рускиот град Казан предизвикан од украински дронови
- Во предградието на Казан, главниот град на руската република Татарстан, „се запали резервоар за гас по напад со дрон“, соопшти локалната власт на каналот Телеграм.
Москва, 14 јануари 2025 (МИА) - Голем пожар беше предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија, соопштија локалните власти.
Во предградието на Казан, главниот град на руската република Татарстан, „се запали резервоар за гас по напад со дрон“, соопшти локалната власт на каналот Телеграм.
Во соопштението се наведува дека нема повредени и дека претседателот на Татарстан Рустам Миниханов дошол да го посети местото на пожарот.
Локалните медиуми објавија снимка од голем пожар во магацин за течен гас во близина на хемиска фабрика.
Покрај тоа, индустриска зграда е оштетена во напад со дрон врз градот Енгелс, во областа Саратов, што се наоѓа на околу 700 километри југоисточно од Москва и на околу 500 километри од украинската граница, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Роман Бусаргин.
Тој соопшти дека наставата во училиштата во Саратов и Енгелс денеска ќе се одржува од далечина поради нападите со беспилотни летала.
На 8 јануари, Енгелс исто така беше цел на голем напад со беспилотни летала што предизвика пожар во нафтениот комплекс.
Според властите, во тој пожар загинаа двајца пожарникари, а стихијата била ставена под контрола дури пет дена по неговото избувнување.
Украина редовно напаѓа воени цели и енергетски локации во Русија како одговор на нападите на Москва на нејзина територија од 2022 година.сд/
фото:Х
Ukrainian drones hit the Kazanorgsintez, one of Russia's largest chemical companies and the country's largest polyethylene producer. It is based in Kazan, Tatarstan pic.twitter.com/D7IjFpB6LL
— 𝔗𝔥𝔢 𝕯𝔢𝔞𝔡 𝕯𝔦𝔰𝔱𝔯𝔦𝔠𝔱△ 🇬🇪🇺🇦🇺🇲🇬🇷 (@TheDeadDistrict) January 14, 2025