• петок, 27 декември 2024

Голем пожар во грчкиот град Патра, евакуирани детска болница и жителите на неколку населби

Голем пожар во грчкиот град Патра, евакуирани детска болница и жителите на неколку населби

Атина, 9 јули 2024 (МИА) – Во населба во грчкиот град Патра денеска избувна пожар, а превентивно беа евакуирани жителите на неколку населби, како и детска болница што се наоѓа во близина, бидејќи огнените јазици стигнале до дворот на објектот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од бројот 112 за итни случаи беа испратени три пораки до жителите на населбите зафатени од пожарот да се евакуираат, додека пак децата хоспитализирани во детската болница биле пренесени во останатите болници во градот.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за грчката телевизија ЕРТ рече дека интервенираат 78 пожарникари со три пешадиски тима, 26 возила, четири авиони и шест хеликоптери, од кои еден за координација.

Истакна дека „станува збор за пожар што многу брзо зазеде големи размери“, особено опасен и токму затоа од жителите било побарано да се евакуираат. ср/сд/

Остани поврзан