• сабота, 23 ноември 2024

Голем пожар беснее во Измир

Голем пожар беснее во Измир

Анкара, 3 јули 2024 (МИА) -  Голем пожар беснее во Измир, објави телевизијата ТРТ-Хабер. Пожарот избувнал во регионот Борнова во Измир околу 13:30 часот од засега неутврдени причини.

Поради пожарот, жителите на два кварта се евакуирани. Затворен е и патот Измир-Маниса.

Во гаснењето на пожарот учествуваат шест авиони и девет хеликоптери, како и десетици противпожарни возила.

Управникот на Измир, Сулејман Елбан, изјави дека засега нема информации за жртви и повредени лица. Според Елбан, на неколку куќи им е нанесена материјална штета.

Елбан додаде дека противпожарните екипи се на пат да го стават пожарот под контрола. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан