• сабота, 23 ноември 2024

Голем антивладин протест во Тирана  

Голем антивладин протест во Тирана  

Тирана, 7 јули 2022 (МИА) – Под мотото „Албанија во опасност - Не вели што ќе ми е мене“ организиран од Сали Бериша, вечерва пред Владата во Тирана се одржа масовен антивладин протест. 

На протестот куси обраќања имаа повеќе граѓански активисти, педагози, актери и млади лица, кои без исклучок побараа рушење на владата на Еди Рама, за кого рекоа дека е најголемиот виновник за сиромаштијата и депопупацијата на населението. 

-Протест и само протест до уривање на оваа влада која го ограби народот и државата, порачаа тие. 

На протестот присуствуваше и лидерката на Социјалистичкото Движењето за социјалистичка интеграција Моника Круемади и партискиот потпретседател Петрит Васили, кои беа до Бериша и неговата сопруга. 

-Албанија е во најголемата опасност од кога било порано, зашто Еди Рама го продаде Косово, исто како и Албанија, младите ги истера од државата која ја втурна во сиромаштија. Албанија е на Албанците а не е на политичарите. Бог да ги благослови Албанците каде и да се, порача Круемади, во обраќањто до насобраните граѓани. 

Последен се обрати Бериша, преставен како актуелен и исторски лидер на Демократската партија, кој изрази задоволство од масовното присуство на граѓани од сите делови на земјата, како и од САД  други европски земји „кои дошле да простетираат за спас на Албанија“. 

-Албанија е во опасност и треба да ја спасите. Еди Рама ти си непријател, зашто твојот идеал е власт и само власт а мојот  на граѓаните е слободата и само слободата. Никогаш нема да ти простме што ја ограби државата и граѓаните. Ти власта ја посалуваш само за богатење и јас за слобода и враќање на достоистото на Албанците. Овде сме зашто не можеме да  трпиме повеќе. Еди Рама мора да си оди зашто во земјата воведе целосен монзам, рече меѓу другото Бериша, кој не го поштеди актуелниот премиер Рама од погрдни зборови и обвинувања, нарекувајќи го „еврпски разбојник и вазал на Србија“. 

 Тој посака што побрзо ЕУ да ги почне преговорите со Албанија и пред националнто албансо знаме се заколна велејќи: Еди Рама нема да ти го простиме никогаш дадениот глас, нема да ја признаеме твојата власт. 

Протестот, за чија безбендост беа ангажирани над 1.200 полициски службеници, како и специјалните полицски едници, мина без инциденти. вт 

Остани поврзан