• среда, 13 ноември 2024

Големи редици за купување марихуана во Чикаго

Големи редици за купување марихуана во Чикаго
Чикаго, 2 јануари 2020 (МИА) - Голем број жители на Чикаго на 1 јануари чекаа во ред за да купат марихуана, која од првиот ден во новата година се продава легално за рекреативна употреба во Илиноис. Меѓу првите клиенти беше и заменичката на гувернерот на Илиноис Џулијана Страттон, која купи гумени бонбони со марихуана. Таа рече дека администрацијата на Илиноис презела важен чекор напред со легализирање на канабисот. - Тука сум за да го прославам големиот ден за Илиноис, рече Стратон. Во Илиноис веќе беше легализирана употребата на медицинска марихуана и сега е 11-та држава што дозволува продажба и рекреативна употреба. Властите на Илиноис се надеваат дека до 2022 година оваа држава ќе заработи 250 милиони долари од канабисот. Клучен дел од новиот закон е амнестијата за оние кои имале мали правни проблеми со марихуаната. На последниот ден од старата година, амнестирани беа повеќе од 11.000 луѓе. 

Остани поврзан