• сабота, 27 јули 2024

Големите одгледувачи на свињи во Штипско преземаат дополнителни мерки за заштита од африканската чума

Големите одгледувачи на свињи во Штипско преземаат дополнителни мерки за заштита од африканската чума

Штип, 10 август 2002 (МИА) - Случајот со африканска свинска чума во Кочанско на „готовс“ ги стави и одгледувачите на свињи во Штипско. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов, истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири.

- Веќе слушаме дека има африканска чума во Виничко, Кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи, ќе може да заигра и кај нас“. Ние, поголемите фарми, имаме биосигурносни мерки, мислиме дека ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Сарафимов.

Посочи дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки, со цел вирусот да не влезе во фармите. Доколку не се спречи ширењето на африканската чума, ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената драстично ќе биде зголемена, велат одгледувачите на свињи.

Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека. вдјфф/

Остани поврзан