• четврток, 26 декември 2024

Големиот корален гребен во Австралија изгуби половина корали

Големиот корален гребен во Австралија изгуби половина корали
Лондон, 15 октомври 2020 (МИА) - Големиот гребен во Австралија изгуби повеќе од половина од коралите од 1995 година, бидејќи морето стана потопло поради климатските промени, покажа најнова студија. Научниците открија дека бројот на сите видови корали се намалил во најголемиот корален систем во светот. Најголемиот број корали исчезнале во текот на 2016 и 2017 година, а помасовно истребување се случило оваа година, пренесува Би-Би-Си. „Нема време за губење - треба да ги намалиме емисиите на стакленички гасови што е можно поскоро“, велат истражувачите. Студијата е спроведена од морски научници во АРЦ Центарот за проучување корални гребени во Квинсленд. Научниците го проценија здравјето и големината на коралите долж гребенот од 1995 до 2017 година и откриле дека бројот на корали се намалил за повеќе од 50 проценти и дека особено се оштетени разгранетите и оние во форма на маса Овие големи видови корали се главно живеалиште на рибите и други суштества во океаните. паг/      

Остани поврзан