• среда, 25 декември 2024

Голема преселба на слонови во Кенија

Голема преселба на слонови во Кенија

Најроби, 15 октомври 2024 (МИА) - Властите во Кенија преместуваат 50 слонови од Националниот парк „Мве“ во поголем парк во средишниот дел од државата, поради големиот раст на бројот на единки, пренесува „Гласот на Америка“.

Популацијата на слонови во нивниот досегашен дом, источно од главниот град Најроби, од 50 дојде на 156 единки, коешто го преоптоварува екосистемот и бара преместување на околу 100 од најголемите од овие копнени животни. Стручњаците минатата недела почнаа да преместуваат 50 слонови во поголемиот Национален парк „Абердаре“ во средишна Кенија, којшто зафаќа 780 квадратни километри.

Министерката за туризам, Ребека Мијано рече дека „тоа ќе остане во историјата како рекорд“, т.е. како најголемата акција од ваков вид досега.

- Ова е првпат да бидеме сведоци на преселување на 50 слонови одеднаш. Процесот вклучува тим од повеќе од 100 стручњаци за диви животни, со опрема којашто се движи со посебно опремени камиони, до авиони, нагласи министерката.

Тоа патешествие е долго најмалку 120 километри и мора да се изведе внимателно, без никако да залута некое од овие големи животни.  си/

 

Остани поврзан